Снегот не предизвика проблеми во сообраќајот во Кумановско
Снегот што синоќа го зафати Куманово не предизивика проблеми во градот. Висината на снежната покривка во градот е незначителна,а регионалните и локалните патишта се проодни и чисти, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Снегот не предизивка проблеми ниту во соседните општини, Старо Нагоричане и Липково. Одговорното лице од општина Старо Нагоричане Дарко Митровски информираше дека снегот во оваа општина не предизвикал проблеми, но, сепак, како што рече, во текот на денот екипи од општината ќе ги посетатат повисоките планински места.
Од ЈП „Македонија пат“-секција Куманово информираат дека магистралните и регионалните патишта во Куманово и соседните општини се проодни. Екипите во текот на вчерашниот ден и ноќта интервенирале и ги чистеле патиштата.
Раководителот Тихомир Алексовски информираше дека незначителни проблеми имало кај Павлешенци, каде поради ветерот и наносите од снег сообраќајот се одвивал отежнато, но без застој, по влажен коловоз.
Од општина Куманово информираат дека екипите на двете фирми кои се ангажирани од општината во текот на ноќта ги чистеле улиците и булеварите во градот.
Ново на Сител
-
Норвешка силно го поздравува Преспанскиот договор и решавањето на спорот со Грција
-
Со лопата удирал по оградата на соседот во Радишани, а потоа го удрил и него
-
Гордана Силјановска Давкова и официјално кандидат за претседател на Македонија
-
Ечеше во „Јане Сандански“ – Ој Вардаре Македонски
-
Пет пожари за два дена од горење отпад од лозја во Кавадаречко
-
Заев и Ципрас: Им го посветуваме Договорот на младите генерации за нивната иднина, вредеше
-
Се урна дел од зграда на универзитет: Спасени сите студенти и професори
-
Драма во Прилеп: Нападнат вработен во Брза помош