-->
-->
Снегот не предизвика проблеми во Кумановско
-->
Екипите на приватните компании ангажирани преку општина Куманово за зимско оддржување на улиците, утрово интевренираа во источната и западната зона од градот.
- Интервенирано е на главните улици и булевари, кај мостовите, надвозниците. Фрлени се по 15-тина тони сол, соопшти помошник-раководителот на Секторот за урбанизам Момчило Јовановски.
За зимско оддржување на Куманово склучен е договор со две компании за две сезони. За фирмата од Куманово се одвоени околу 16 милиони денари, а за фирмата од Скопје околу 14 милиони.
Првата сезона завршува на 15 март 2017, втората е од 15 октомври 2017 до 15 март 2018 година.
Вчера седница одржа Општинскиот кризен штаб кој ги утврди насоките и препораките за справување со снежните врнежи и последиците од екстремно ниските температури во наредните денови: ставање во функцја на сите општински претпријатија за интервенција доколку се јави потреба, активно следење на состојбата и по потреба преземање мерки за ангажирање дополнителна механизација. Беше апелирано, граѓаните, доколку имаат потреба или заблежат бездомници и други ранливи категории лица, да се обратат на телефонските броеви 078/365-061, 195, 112.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи