Свет
30. October 2018 - 13:50

Снегот направи хаос во Франција: Стотици возачи блокирани на патиштата, 200.000 домаќинства без струја

Голем снег падна денеска во францускиот регион Оверњ-Рон-Апл и соседните региони, јужно и западно од Лион, предизвикувајќи хаос на патиштата како и прекин на напојувањето со струја во речиси 200.000 домаќинства.

Во некои села и градови паднале и до 40 сантиметри снег, а снимките од ТВ станиците покажуваат стотици возила како стојат поради неочекуваните снежни врнежи.

Околу 900 камиони биле во текот на ноќта блокирани, а неколку стотина возачи ги напуштиле своите возила во потрага по безбедно преноќиште.

Машините за чистење на снег се на патиштата, а електродистрибуција се обидува да воспостави нормално напојување со струја.

Метеоролозите ги отфрлаат критиките дека не предупредиле на врнежите, наведувајќи дека укажале дека тие области можат да бидат погодени од лоши временски услови поради бурата ширум Италија и на Коризика.