Балкан
15. November 2017 - 14:46

Снегот ги покажа забите во регионот: Снежната покривка создава проблеми по патиштата

Во Босна и Херцеговина снегот на коловозите го забави сообраќајот на повеќето патишта во повисоките планински пределе, а во Хрватска се затворени автопатот А1 и Јадранската магистала.

Во БиХ посебно се издвојува подрачјето на планината Романија, каде од синоќа е на сила забрана за сообраќај на товарни возила со приколка и шлепери.

Во Сараево во понеделникот падна снег и е издаден жолт метеоаларм во главниот град и во поголемиот дел од БиХ.

Снежни врнежи се очекуваат и во наредните денови во поголем дел од БиХ, а на планините ќе паѓа снег. Прогнозираната висина на новата снежна покривка ќе биде меѓиу 5 и 15 см.

Во Хрватска поради силна бура е затворен автопатот А1 и Јадранската магистрала, додека на повеќето патишта во Горски Котор, како и автопатот Ријека - Загреб се воведени зимски услови.

Поради зимските услови воведена е забрана за сообраќај на камиони со приколка и шлепери со полуприколки на повеќето патишта во Лика и делови од Истра.