Снег во Хрватска, во Словенија и во БиХ
По невобичаеното топло време во ноември на Балканот, во Хрватска, во Словенија и во Босна и Херцеговина денеска значително се намалија температурите и падна првиот снег.
Температурите на воздухот во Хрватска се двжеа од два до седум, а снег падна на Сљемен, во Горски Котор, како и во Карловац и Дуга Реса.
„Јутарњи лист“ објави дека снегот и силниот ветер предизвикале сообраќаен хаос на автопатот Загреб-Риека.
Во Словенија утрово врнеше дожд, а потоа снег. Бране Грегорчич од словенечката Метеоролошка служба изјави дека во пониските предели се очекува снежната покривка да достигне од пет до десет сантиметри, а на планините од 20 до 40 сантиметри.
Во северозападниот дел на Босна и Херцеговина вечерва почна да паѓа слаб снег, кој не се задржува на патиштата.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште