-->
-->
Снег во Грција предизвика големи проблеми во сообраќајот
-->
Обилните врнежи снег предизвикаа големи проблеми во сообраќајот во Грција каде медиумите постојано објавуваат кои патишта се затворени за сообраќај или е неопходна зимска опрема за отежнато движење.
Телевизијата ЕРТ јави дека на некои патишта се формирале километарски колони, во кои стотици автомобили биле блокирани од снегот.
Снег почна да врне вчера, кога илјадници Грци тргнаа на пат за Божиќ.
На автопатот Атина-Ламија се создала сообраќајна колона од 15 километри поради која патниците во автомобилите чекале и до осум часа. Сообраќајот бил нормализиран синоќа околу полноќ.
Во многу области во земјата постојано се објавуваат предупредувања возачите да стават синџири за снег, а полицијата забрани движење за тешки товарни возила на голем број патишта, главно во планинските области.
Поради силниот ветер, некои пристаништа се затворени. Грчка спасувачка екипа денеска спасила мал брод со 12 члена екипаж во близина на Миконос, кој бил зафатен од силната бура во областа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено