Снег во Битола, Ресен и на премините Буково и Ѓавато
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Битола, Ресен и на планинските премини Буково и Ѓавато, информираат утрово од Автомото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет