Македонија
30. January 2020 - 12:24

Снег со слаб интензитет во Крушево и на превоите Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека

Врнежи од снег со слаб интензитет има во Крушево и на планинските превои Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информира Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.