Балкан
16. May 2018 - 14:38

Снег падна над Макарска

 - Над Макарска синоќа падна снег. По жешкото време, кое владееше низ цела Хрватска во последните неколку седмици, температурите нагло паднаа, а во Макарска падна снег. 

Температурата на биоковскиот врв Свети Јуре падна на нула степени, а дождот премина во снег.

Во попладневните часови, температурата долж брегот беше само 12 степени, што е пад за околу 15 степени во споредба со минатата недела.   

Падот на температурите беше придружен со дожд и грмотевици, а вечерта во средината на Јадранско Море имаше „водено торнадо