Македонија
7. October 2017 - 16:08

Снег на Водно, Маврово и Шапка, во градоите зимски температури

Снежна покривка ги прекри македонските планини. Иако календарски само што започна есента, утрово заврна првиот снег на планините, а на Маврово и Попова Шапка веќе е измерена снежна покривка од околу еден сантиметар. За снежната идила, утрово можеа да посведочат и Скопјани, бидејќи снег наврна и на највисоките места на планината Водно.

Од Управата за хидрометереолошки работи соопштија дека под влијание на влажен и студен воздушен бран, во текопт на целиот ден ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе стигнат и до 20 лиотри на метар квадратен.

Според најавите, стабилно и сончево време може да очекуваме дури од понеделник.

Инаку, утрово снег паѓаше и во соседството. Снежните врнежи кои ги зафатија Србија, Црна Гора и БиХ, предизвикаа проблеми во патниот сообраќај, а во некои делови и во снабдувањето со електрична енергија. Надлежните власти во овие земји апелираат внимателно возење на патните правци во завеаните региони.