Македонија
30. December 2016 - 12:16

Снег на Буково, Плетвар и Страцин

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози.Слаб снег врне во Ресен, Крушево, Маврово и на планиските премини Буково, Плетвар и Страцин, кој не се здржува на коловозот, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  кон условите на патот.