Македонија
26. February 2018 - 8:38

Снег ја зафати цела Македонија: Денеска големи минусни температури, поради ветерот ќе имаме уште постудено време

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег.

Врнежите ќе бидат пообилни во ноќните часови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен севрен ветер.

Температурата ќе се движи од минус 4 до 3 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура околу нулата.

И во наредните три дена времето ќе биде променливо, облачно и студено. Дневните температури ќе се движат од -2 до 5 степени, а утринските од -13 до -6 степени.