Бизнис
9. January 2017 - 16:27

Снабдувањето со топлинска и електрична енергија засега се обезбедува без поголеми проблеми

Поради ниските температури радијаторите во домовите  топли и  по 22 часот.

Согласно регулативата ако по 20 часот температурите надвор се минус 8 степени БЕГ има обврска да го остави греењето  и во текот на ноќта.

Топланите постојано се вклучени за да се избегне замрзнување на делови од системот. Од БЕГ потврдија дека засега нема проблеми, санирани се само помали дефекти.

Поради најавите за екстремно ниските температури компанијата навремено направила проверки на целиот систем. Организирани се поголем број на екипи кои ја следат испораката на топлинска енергија до крајните потрошувачи.

И од државните електрини посочија дека поларната зима за над 10 отсто ја зголеми потрошувачката на струја.

Проблеми во снабдувањето нема.  Во текот на вчерашниот ден направен е увоз на струја но поради дефект во третит блок од РЕК Битола.

Струјата е набавена по цена за 35 отсто пониска од онаа по која се тргува на регионалните берзи.  Од компанијата велат дека во текот на денешниот ден  се очекува блокот да биде ставен во функција.

Стручни тимови на ЕЛЕМ ја следат потрошувачката. Ако анализите покажат дека е потребно надополнување на количините преку набавка на струја постапката ќе се спроведе во согласност со сите правила од Регулаторната комисија за енергетика. Потенцираа дека увозот на струја нема да влијае на цената на електричната енегија за домаќинствата.

Најголема потрошувачка на струја е регистрирана  на 5, 6 и 7 јануари.