Македонија
5. March 2021 - 12:26

Снаа од Кавадарци пријавила дека била физички нападната од свекрвата и золвата

Снаа од Кавадарци пријавила во полиција  дека била физички нападната од свекрвата и золвата.

Како што информира денеска Верољуб Додевски, портпарол ја СВР Велес, се работи за 24-годишна кавадарчанка, која нападот го пријавила вчера во ОВР Кавадарци. Таа појаснила дека била нападната во дворот  на   нејзината семејна куќа од мајката и сестрата на сопругот.

По целосно  документирање на  случајот  ке  биде поднесена  соодветна пријава.