Смртта не го сака: Русин во последен момент се откажа од кобниот лет, ова е трет пат да избегне несреќа
Русинот Максим Коломејцев требало да се качи на летот од Москва до Орск, но се предомислил во последен момент. Таа одлука му го спаси животот.
Тој планирал да го прослави 37. роденден со девојката и родителите, но наместо тоа се одлучил за краток одмор во скијачки центар.
- Дознав за несреќата додека бев на скијање. Сите почнаа да ме повикуваат, очекував дека ќе ми го честитаат роденденот.Наместо тоа, сите ме запрашуваа за летот и дали сум добро. Сите знаеја дека треба да бидам на тој лет, но не и дека ги сменив плановите – рече тој.
Како што вели, ова му е трет пат како со вистинско чудо избегнува несреќа.
-Пред некои 5-6 години, каснев десетина минути на минубус од Оренбург кон Орск. На крајот зедов такси, а се утврди дека тој автобус доживеа судар во кој немаше преживеани. Другиот пат, требаше да патувам со такси во друг град, но се задржав на работа и одлучив да не одам. Тоа такси исто така имаше судар – се присетува Максим.
Инаку, авионот на руската компанија „Саратов ерланс“ во кој имаше 71 лице, се урна денеска на подрачјето на московскиот регион, и сите патници загинаа.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи