Смртта ги прекинa нивните планови за свадба: Лук Пери и Венди почнале да испраќаат покани, непосредно пред да почине актерот
Холивудскиот актер Лук Пери, кој сите го паметат по улогата во серијата „Беверли Хилс“, почина неодамна во 53. година од животот, по мозочен удар, а зад себе остави ќерка и син кој ги доби од бракот со поранешната жена Рејчел Шарп.
Пери имал и вереница Венди Медисон Бауер со која бил во врска 11 години.
Како што пишуваат странските медиуми, Лук и Венди планирале да се венчаат во Лос Анџелес и дека по повод свадбата веќе почнале да испраќаат покани до своите семејства и пријатели.
„Сакам да изразам благодарност на сите кои ми пружија љубов и поддршка. Неброените приказни за дарежливоста и добрината на Лук ми беа голема утеха во овој тежок момент. Изминатите 11 ипол години со Лук беа најсреќните во мојот живот и јас сум благодарна што го имав тоа време поминато со него. Исто така, сакам да им се заблагодарам на неговите деца, семејството и пријателите на љубовта и поддршката. Најдовме утеха едни во други и во знањењето дека нашите животи беа исполнети со неверојатен човек. Многу ќе ни недостасува“, гласеше пораката на вереницата на Пери која е објавена во медиумите по неговата смрт.
Во тестаментот е откриено дека Лук одлучил се што стекнал во животот да им го остави на своите наследници, синот и ќерката, додека вереницата остана со празни раце.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца