Свет
28. May 2017 - 14:59

Смртниот биланс од поплавите во Шри Ланка се искачи на 151 лице

Во поплавите кои ја погодија Шри Ланка досега загинаа најмалку 151 лице, а над половина милион жители се раселени, соопштија локалните власти.

Според владиниот портпарол Раџит Сенаратна, 111 лица се уште се сметаат за исчезнати, а 95 се хоспитализирани поради повреди.

Владата на Шри Ланка отвори 104 привремени засолништа во државните згради.

Поројните дождови предизвикаа големи поплави и свлечишта во јужниот и во западниот дел на Шри Ланка, а во пружањето помош учествува и војската, која со авиони го спасува населението и на локалните жители им ги доставува неопходните продукти.