Свет
22. February 2018 - 9:18

Смртниот биланс од автобуската несреќа во Перу се искачи на 44 лица

Најмалку 44 лица загинаа во јужниот дел на Перу во вчерашната сообраќајна несреќа, кога од патот слета двокатен автобус и падна од гребен од височина од 200 метри.

Несреќата се случи вчера, рано изутрина, во близина на провинцијата Камана, соопшти сообраќајната полиција.

Во несреќата се повредени 12 лица, кои со хеликоптери биле пренесени во болница.

Засега не се познати причините за несреќата.