Свет
28. July 2015 - 17:05

Смртна казна за синот на Гадафи, Саиф Ал Ислам

Судот во Триполи  го осуди Саиф ал Ислам син на поранешниот либискиот претседател Моамер Гадафи на смрт со стрелање. Нему му се судеше  за воени злосторства сторени  за време на протестите во 2011 години со кои се стави крај на владењето на неговито татко. Саиф е осуден во отсуство, бидејќи припаданици на една милитанта група  веќе 4 години го држат во заробеништво во Зинтан, регион врз кој централната власт нема контрола. За исти обвиненија на смрт се осудени уште 8  поранешни функцинери за времето на Гадафи. Осудените имаат право на жалба.

САД и Турција со заедничка акција против Исламска држава

САД и Турција се  договорија со заеднички сили да ја неутрилизираат Исламска држава во северниот дел на Сирија.  Според  американски и турски претставници создавањето зона слободна од џихадисите ќе обезбеди поголема безбедност и стабилност во регионот околу границата  меѓу Турција и Сирија. Во меѓувреме турски воени авиони продолжуваат да бомбардираат позиции на џихадистите  и на курдските бутновници   во Сирија.  За мерките  кои Анкара  последениот перид  ги презеде против милитантите  се дебатира  на денешниот вонреден состанок  на НАТО, свикан на барање на Турција.

Поради топлото време околу 7.500 Јапонци побарале лекарска помош

Топлото време ги наполни болниците во Јапонија. Речиси 7500 луѓе побарале лекарска помош во изминатите  неколку дена.  Температурите во оваа држава се искачија над   35 степени целзиусови.