Свет
25. December 2015 - 10:53

Смртна казна за Кинез кој со автомобилот намерно усмрти пешаци

Кинески суд денеска му изрече смртна казна на 61-годишен маж, кој со својот автомобил усмрти и повреди повеќе лица во Пекинг, пренесе ТАСС.

Пред точно една година, на 26 декември минатата година, Циен Фушон, незадоволен од изгубениот судски спор, во непосредна близина на најголемиот стадион во Пекинг намерно прегази пешак, а потоа со голема бризина своето возило го втурна во група луѓе.

Во нападот имаше три жртви, а девет лица беа повредени.