Живот
28. January 2017 - 11:20

Смрт во живо: Млад актер се самоуби пред камера

Фредерик Џеј Боуди им порача на пријателите на Фејсбук дека ќе се убие и потоа го направи тоа во живо.

Неговиот роднина повика полиција штомја виде пораката за намерите на Фредерик, но полицијата стигна предоцна и актерот го пронајде мртов во автомобилот.

Обожавателите на актерот, кој настапуваше и како стрипер под името Хјустон, се шокирани од неговиот чин, а некои сметаат дека станува збор за глума. За жал, не беше шега.

Видеото од самоубиството подоцна е тргнато од Фејсбук.

Полицијата соопшти дека неколку дена пред самоубиството, минатиот четврток, Боуди е уапен под обвинение за сексуален напад.

Пуштен е откако е платена кауција до 100.000 долари.