Македонија
25. July 2018 - 10:26

Смрт во затворот Идризово: Млад затвореник почина во ќелија

Вчера во 15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот М.Д.(34) од Тетово во ќелија бил пронајден во безсознание. 

М.Д. со возило на затворска служба бил однесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Телото на починатиот било дадено во судска медицина за обдукција.