Македонија
20. August 2016 - 9:59

Смоквијада по десетти пат во Гевгелија

Во организација на здружението на граѓани „Тера“ денеска и утре во Гевгелија ќе се одржи јубилејната десетта Смоквијада - традиционално варење слатко од зрели смокви. 

Денеска, 15 екипи ќе варат слатко во своите дворови, а вечер е отворањето на изложбата на која ќе бидат прикажани настаните од изминатите 10 години.

Утре на градскиот плоштад ќе се одржи централна манифестација со културно-уметничка програма и прогласување на победниците.