Македонија
27. September 2018 - 16:14

СМК и ,,Македонија-Бојкотира‘‘ повикаа на бојкот на референдумот

Координативното тело против референдумот при Светскиот Македонски Конгрес ја искористи последната шанса пред молкот кој ќе настапи на полноќ, повторно да повика на бојкот и масовна неизлезност на граѓанското изјаснување во недела.

Сметаат дека Договорот од Преспа претставува флагрантно кршење на Уставот и законите на Македонија и не е дел од внатрешниот правен поредок. Воедно ги повикаа граѓаните да пријават каков било притисок или заплашување         

Во рамките на кампањата „Македонија-бојкотира” митинзи во Драчево, Кисела Вода и Аеродром одржа Караванот на Кризниот штаб против референдумот. Како што велат во соопштението, на средбите се добил општ впечаток дека граѓаните се револтирани од Договорот со Грција.

Македонскиот народ во државата и во дијаспората и поголем дел од граѓаните во Република Македонија се определуваат за бојкот и не излегување на референдумот. Сега ни треба сплотеност и единство. Ова не е битка на индивидуалци и лидери, сите ние сме небитни, ова е битка за Македонија, за опстојување на цел еден народ. Македонија ќе победи, влогот е голем, да и порачаме на марионетската власт дека нема да успее во походот за уништување на се што е македонско, се вели во соопштението.

Од говорниците е посочено дека во недела народот ќе се определи дека е против НАТО и ЕУ, преку, како што велат, промена на идентитетот и името.