Бизнис
4. December 2019 - 16:46

Сметките за вода поскапи за 20%, градот Скопје воведе нова давачка

Без најава зголемени  сметките за вода. Нова давачка си воведе градот Скопје - Надомест за одржување на јавното градско зеленило во висина од речиси 20% од износот за снабдување со вода и одведување урбани отпадни води.  Советот на градот  ја изгласал одлуката крајот на октомви, а веќе ноемвриските сметки се зголемени од 30 до над  500 денари - или на сума од 200 денари за потрошена вода – за одржување зеленило Градот ќе си наплаќа  40 денари. За сума од  над 1,000 денари, одржувањето зеленило ќе чини околу 420 денари  . Сумите се многу повисоки за фирмите, кои плаќаат индустриска вода. Зошто Советот ја донел одлуката и зошто граѓаните не се известени за поскапувањето , градоначалникот Шилегов не одговори.

Од почетокот на годината, тарифите за утврдување на цената за вода ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика. Но надоместоците, како што се прочистувањето отпадни води, собирање и одведување на урбани отпадни води и новиот за одржување зленило во градот си ги носи општината, или за главниот град -  Општина Скопје.