Фудбал
18. September 2017 - 15:20

Сменет првиот тренер во Шпанија

Аргентининецот Луис Субелдија е првиот тренер во шпанската Ла Лига кој доби отказ во тековната сезона. Субелдија доби отказ по поразот од Виљареал на домашен терен (0:3).

Алавез минатата сезона играше во финалето на Купот, во првенството бележеше добри резултати, но оваа сезона ја започна со четири порази и е единствениот тим во Шпанија кој сѐ уште нема постигнато гол.

Поради тоа, раководството на Алавес му врачи отказ на тренерот Субелдија.

До назначување нов тренер тимот ќе го предводи Хавиер Кабељо.