Македонија
17. July 2019 - 16:18

Смената на Јово Вангеловски симната од дневен ред на Судскиот совет

Одложено е барањето за разрешување на Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.. Иако на денешната седница на судскиот совет требаше да се разгледува извештајотза утврдување на негова одговорност, расправата за овој документ е одложена..

Според информациите, таквото барање пристигнало од новиот член на судскиот совет, Миљазим Мустафа кого го назначи претседателот на државата, Стево Пендаровски..

Неофицијално, доцна ги добил материјалите па немал време да се запознае со предметот за разрешување на Вангеловски..

„По едно барање е одложена расправата на барање на член на Судскиот совет“, се вели во соопштението на советот..

Извештаите за одговорност на судиите, Судскиот совет ги разгледува зад затворени врати.. Пред почетокот на денешната седница, претседателот Здравев изјави дека не може да открие дали ќе се расправа за разрешување на првиот човек на Врховен..

Судскиот совет денеска го суспендираше екс претседателот на Кривичен, Владимир Панчевски.. Неодамна против него, обвинителството поднесе обвинение за местење предмети преку злоупотреба на АКМИС системот..