Живот
13. December 2018 - 20:27

Смеењето го подобрува помнењето, согорува калории и ја зголемува сексуалната желба

Освен што таа ќе привлече позитивната енергија во вашиот живот, смеењето има уште неколку бенефиции кои се добри за вашиот организам:

Го подобрува помнењето

Преку гледање на смешни видеа, истражувачите докажале дека помнењето кое се тестирало после тоа има подолг рок на траење. Од ова можеме да заклучиме дека смеењето и помнењето одат рака под рака. Повеќе смеење – подобро помнење.

Ве штити од срцеви заболувања

Многу е важно доколку сте личност која може да се насмее на сопствените мани и недостатоци. Големата смисла за хумор му годи на вашето срце и го штити од срцеви удар.

Докажано е дека личностите кои повеќе се смеат имаат помали шанси од срцеви заболувања отколку оние што поретко се смеат.

Согорува калории

Здраво смеење од 15 минути согорува од 10 до 40 калории дневно, бидејќи додека се смеете срцето ви чука забрзано, мускулите ви се активираат а крвниот притисок се покачува.

Сето ова влијае врз согорувањето на калории. Затоа денес нема потреба да одите во теретана, наместо тоа добро изнасмејте се.

Ја намалува болката

Иако не верувате, смеењето може да ја намали болката која ја чувствувате во моментот од било која причина.

Доколку ве боли глава, заб или стомак, прочитајте некој виц или пак потсетете се на смешна случка од минатото. Болката значително ќе се намали бидејќи вие ќе бидете фокусирани на нешто друго освен на неа.

Ослободува ендорфин

Ендорфинот е хормон за среќа. Со секојдневно смеење, се лачи повеќе ендорфин бидејќи вие го активирате мозокот кој испраќа наредба до организмот да лачи повеќе од тој хормон, а тоа ви е добро за вас. Кој не сака да биде среќен?

Го намалува стресот

Ако сте нервозни или под стрес, насмевката добро ќе ви дојде. Во такви ситуации почнете да се смеете без потреба. Кога насмевката ќе биде постојано на вашето лице, вие автоматски ќе се почувствувате посреќни, а стресот и нервозата ќе исчезнат.

Ја зголемува сексуалната желба

Ова е најдобриот бенефит на смеењето. Доколку сте во врска почесто засмејувајте го партнерот. Организмот ќе му лачи повеќе ендорфин, нема да биде под стрес и ќе има поголема желба за секс, што ви оди во прилог. Кој не сака да му се предаде на личност која го прави среќен?