Македонија
4. April 2017 - 13:09

Службените гласила на Македонија и на Црна Гора ќе ја зајакнат соработката

ЈП „Службен весник на Република Македонија“ и  „Службен лист на Република Црна Гора“ ќе ја зајакнат соработката во областите од заеднички интерес.  
 
Како што информираат од ЈП „Службен весник“, ова на денешната средба го договориле првите луѓе на двете интитуции в.д. директорот на ЈП „Службен весник на Република Македонија“, Лука Кржалоски,  и директорот на „Службен лист на Република Црна Гора“, Момчило Вујошевиќ.
 
На средбата, станало збор за повеќе прашања меѓу кои и за размена на искуствата во однос на заедничкиот делокруг на работа, со акцент на издавањето на службеното гласило, организирањето на прописите во електронската база на податоци, а биле разгледани и други можности како дополнителен начин за финансирање на институциите и зголемување на бројот на претплатниците.
 
- В.Д. директорот, Кржалоски изрази надеж дека ваквите контакти можат да поттикнат и овозможат потесна меѓусебна соработка, во доменот на размената на законската регулатива на двете земји, за што директорот Вујошевиќ најави потесна и почеста комуникација со цел подготовка на нови услуги и сервиси, кои ќе бидат од интерес на корисниците на услугите, стои во соопштението.