-->
-->
Службените гласила на Македонија и на Црна Гора ќе ја зајакнат соработката
-->
ЈП „Службен весник на Република Македонија“ и „Службен лист на Република Црна Гора“ ќе ја зајакнат соработката во областите од заеднички интерес.
Како што информираат од ЈП „Службен весник“, ова на денешната средба го договориле првите луѓе на двете интитуции в.д. директорот на ЈП „Службен весник на Република Македонија“, Лука Кржалоски, и директорот на „Службен лист на Република Црна Гора“, Момчило Вујошевиќ.
На средбата, станало збор за повеќе прашања меѓу кои и за размена на искуствата во однос на заедничкиот делокруг на работа, со акцент на издавањето на службеното гласило, организирањето на прописите во електронската база на податоци, а биле разгледани и други можности како дополнителен начин за финансирање на институциите и зголемување на бројот на претплатниците.
- В.Д. директорот, Кржалоски изрази надеж дека ваквите контакти можат да поттикнат и овозможат потесна меѓусебна соработка, во доменот на размената на законската регулатива на двете земји, за што директорот Вујошевиќ најави потесна и почеста комуникација со цел подготовка на нови услуги и сервиси, кои ќе бидат од интерес на корисниците на услугите, стои во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите