Живот
2. September 2015 - 12:46

Слушнал нешто чудно во ѕидот од куќата - Кога го отворил видел нешто страшно!

Никој не сака непоканети гости во својот дом, а таа лекција најдобро ја научил овој млад Амриканец со кинеско потекло Мајк Чен, кој во внатршноста на ѕидот од куќата во Лос Анџелес открил ни помалку ни повеќе туку кошница пчели стара 5-6 години.
 
Не би, како што вели, се посомневал да не слушнел чудно зуење од 200 пчели кои летале околу издувниот канал на вентилацијата на кровот од неговата куќа. Се испоставило дека кошницата брои дури 50.000 пчели, и знаел дека нешто мора да превземе и тоа под итно.
 
На снимката гледаме Мајк употрбил чад да ги истера пчелите надвор, а потоа со вакуум пумпа безбедно да ги собере. Тој посебно се грижел пчелите да не се угушат, па откако ги „заробил“ безбедно ги пратил на пчеларска фарма.
 
Поради овој подвиг, медиумите во Лос Анџелес му дале надимак „Пчелар“.