Македонија
19. April 2018 - 10:27

Случајот со претепаната ученичка од Неготино влезе во ОЈО, три малолетнички и обезбедувачот осомничени

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе Известување до Основното јавно обвинителство против три малолетни лица на возраст од 13, 14 и 15 години сите три од Неготино, ученички во Основно училиште Гоце Делчев во Неготино поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по член 386 став 2 од КЗ на РМ.

Малолетничките кривичното дело го сториле во два наврати на 11.04.2018 година при што физички нападнале 14 годишна ученичка од истото училиште и нанеле телесни повреди.

Во врска со истиот настан поднесена е и кривична пријава против Р.А.(31) од Неготино поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353 в став 1 од КЗ на РМ.

Имено пријавениот на 11 април, на работното место обезбедување на училиштето од агенција за обезбедување „SOS“, не ги извршувал дејствијата за кои бил должен да ги извршува.