Живот
17. March 2019 - 21:05

Случајот кој и по 12 години не престанува да го шокира светот: Еден човек открива дека Меди е жива и зошто токму таа била мета на грабнувачи

Еден британски полицаец отпрвин верувал дека таткото Гери Мекен е вмешан во исчезнувањето на својата ќерка Медлин. Малечката Медлин исчезна 2007 година, а тој случај и натаму ги мачи истражителите од целиот свет.

Новата документарна серија „Исчезнувањето на Медлин Мекен“ се обидува да даде одговор на клучните прашања.

Нејзините родители на натаму веруваат дека е жива, а тоа е само една од теориите. Со години се сметаше дека завршила во рацете на трговци со луѓе.

Родителите на исчезнатото девојче Кејт и Гери Мекен одбија да учествуваат во снимањето, а блиски извори на двојката велат дека тие биле „ужасната“ што серијата се снима без нивно одобрување.

Во серијата ќе бидат прикажани интервјуа со британскиот полицањец Џим Гембл кој и натаму верува дека овој случај ќе биде решен „за време на неговиот живот“.

„Потполно верувам дека за време на мојот живот ќе се открие што и се случило на Медлин. Секоја година технологијата и анализата на примероци на ДНК се подобрува“, рече Гембл. Тој на почетокот верувал дека родителите се вмешани во целиот случај, но после се предомислил.

Други истражителите сметале дека девојчето е живо и дека го држат трговци со луѓе, поради нејзината финансиска вредност како „британско девојче од средна класа“. Приватниот истражител Хулијан Перибанес, кого го најми семејството, вели дека трговците со луѓе обично на мета имаат деца од ниските слоеви на општеството од земјите од третиот свет.

„Вредноста на Медлин Мекен е голема, ако ја грабнале, би зеле многу пари“, рече тој.

Еден од клучните интервјуа во документарците ги даде и поранешниот шеф на полицијата во Португалија Гонкало Амарал. Тој тврди дека Медлин е мртва и дека нејзините родители го инсценирале грабнувањето. Тој дури и ги обвинува родителите дека ја прикриле случајната смрт на ќерката во одморалиштетот во Португалија пред речиси 12 години.

Кејт Мекен во својата книга, објавена во 2011 година, напиша дека Амарал и предизвикал голема болка поради начинот на кој ја третирал нејзината ќерка и потрагата по неа.

Од друга страна и Амарал напиша книга и наведе дека Меди случајно починала во апартманот, или може по грешка и дале прекумерна доза седативи. Неговите тврдења се базираат на соопштенијата на португалската полиција кои се отворени за јавност.

Родителите жестоко ги негираа овие обвинувања и го опишаа Амарал како „опседнат, манипулативен и алчен“ човек. Амарал (59) подоцна ги обвинуваше Кејт и Гери за разводот и уништената кариера, откако го тужеа во јуни 2009 година.

Најпознатиот случај на исчезнување на дете во светот во мај ќе наполни 12 години. Таа исчезна на мај 2007 година, хотелска соба во одморалиште во Португалија.

Нејзините родители вечерале со пријателите во блискиот ресторан, а Меди спиела во собата со братот и сестрата, близнаците Шон и Амели.

Родителите ги проверувале на секои половина час. Кога се вратиле во собата, девојчето не било во креветот, а прозорецот бил отворен. Денеска Меди би имала 16 години.