Loading Video...
Свет
2. August 2018 - 16:38

Случајот Бренсон ги влошува односите САД-Турција

Поради случајот со американскиот свештеник Ендру Бренсон се влошуваат односите помегу Анкара  и Вашингтон. 

Откако Турција одби да го ослободи  свештеникот, Вашингтон воведе финансиски санкции против турските министри за правда и за внатрешни работи.

Анкара вети одмазда и порача дека санкциите  нема да доведат до ослободување на Бренсон, на кој му се суди за шпионажа и поврзаност со тероризам.

Свештеникот кој веќе дваесетина година живее во Турција, беше уапсен во октомври 2016 година.