Македонија
18. April 2018 - 16:58

Случај „Тенк“ - на екс министерката за внатрешни ќе и се суди одделно

На поранешната министерка Јанкуловска за случајот „ТЕНК“ ќе и се суди во одвоена постапка за набавката на блиндираниот мерцедес од 600 илјади евра. Таа не присуствуваше на денешното рочиште со лекарска потврда од матичен поради ризична бременост. Иако одбраната посочи дека доставеното боледување е  идадено  од матичен лекар пред 5 дена и истото не може да биде повеќе од две седмици, судот по барање на СЈО ги раздвои постапките. Судијката отфрли тројца од предложените сведоци со образложение дека двајца од нив биле присутни како обезбедување на Груевски на некое од рочиштата при изведување на докази,  а третиот сведок бидејќи не му била доставена поканата и за него нема точна адреса на живеење. Според Груевски на денешното рочише се напревени неколку преседани а судијата и обвинителите се ставиле во позиција на лекари и самите претпоставиле дека Јанкуловска ќе биде подолго време отсутна. Груевски рече дека за време на поправка на дефектните возила тој се возел во не блиндирано возило што не е според прописите за безбедност.

На денешното рочиште беше сослушан поранешниот директор на СОЗР Васе Доневски, кој рече дека во периодот кога тој бил директор од 2006та до 2012 претпријатието поседувало три блиндирани возила наменети за државниот врв. Истите според неговото сведочење биле стари повеќе од 20 години и често биле во дефект. Доневски рече дека од страна на обезбедувањето  постојано добивал остри критики и барања да се реши проблемот бидејќи возилата не биле безбедни, за што ги информирал 6та управа а и тогашната министерка. Некогаш возилата биле на поправка и по месец дена а како пример колку чинеле дефектите, тој наведе дека за промена на една шофершајбна биле потрошени 20 000 евра. Судењето продолжува во петок.