Македонија
26. August 2019 - 11:40

Случај „Монструм“: Смртни закани за еден од обвинетите

На денешното рочиште за случајот „Монструм“, еден од обвинетите пријави смртни закани упатени кон него.

Фејзи Азири му посочи на судијата Ставрев дека од еден од затворските полицајци добивал закани по животот, а не му биле овозможени ниту основните права.

Посочениот полицаец кој беше присутен во судницата ги негираше овие обвинувања.

На барање на обвинителката Фетаи, овој исказ на Азири беше нотиран во записникот, додека судијата Ставрев истакна дека за ова ќе контактира со директорот на затворот.

На денешното рочиште за „Монструм“ беа доставени нови докази, односно транскрипти, кои ќе бидат објавени на наредното рочиште на 5-ти септември.

Горан Симоновски