Македонија
16. December 2019 - 19:23

Случај ,,Меѓународен Сојуз‘‘ - Фросина Ременски видела се, но не и докази во обвинителството

Затворена е истрагата за Меѓународниот сојуз на Боки 13.. Вакво известување денеска добиле адвокатот и осомничената Јасна Мандиќ која пет часа сведочеше пред Обвинителката Вилма Русковска.. Одбраната на Мандиќ, тврди дека таа не знаела за измамите на Јовановски..

Потпретседателката на собранието Фросина Ременски пак смета дека обвинителствоот не поседува докази за делото кое е осомничена.. По дво дневниот увид во материјалите со кои обвинителството ја сомничи за помагање, изјави дека не видела докази за нејзина вина..

Ременски утре ќе одговара на прашања од обвинителката Русковска.. Во петок пак исказ ќе даваат Бојан Јовановски, неговиот татко Миле и асистентката  во сојузот, Христина Блажевска..

Според истрагата на обвинителството, осомничени се дека со измама и помагање оштетиле двајца бизнисмени за сума од околу 1 милион евра.. Им ветувале дека со парите ќе се градат старски домови..