Македонија
6. December 2017 - 17:12

Случаен минувач го забележал телото на професорката Снежана Тројачанец


Скопската полиција извести дека денеска околу 13 часот во близина на устието на Серава во Вардар во Карпош 4 е пронајдено телото на исчезнатата професорка од Скопје, 52-годишната Снежана Тројачанец. Нејзиното тело го забележал минувач.

Снежана Тројачанец пред 40 часа од најблиските беше пријавена дека излегла од дома и не се вратила дома.