Loading Video...
Свет
8. јуни 2020 - 12:38

Словенија воведе 14 дневен карантин за граѓаните кои патуваат од Македонија

Словенија воведе 14 дневен карантин за граѓаните кои патуваат од Македонија. Истото важи и за државјаните од Словенија кои патуваат во земјава. Во образложението на словенечката влада се вели дека ваквата одлука е донесена поради влошување на состојбата со вирусот во земјава.

Инаку карантинот за Словенците кои се враќаа дома од други земји беше укинат пред три недели.

Денес ќе биде погребан Џорџ Флојд, афроамериканецот чие убиство во полициска акција во Минеаполис предизвика протести во САД, но и во светото. Неговото тело ќе биде изложено неколку часа за да луѓето му оддадат почит.

Во меѓувреме градските власти одлучија да се реформира локалната полиција во Минеаполис.

Автомобил удри во група учесници во протест во Сиетл. Возачот веднаш потоа излегол од автомобилот и почнал да пука. Еден човек е повреден и пренесен во болница. Напаѓачот е приведен, а полицијата почна истрага за целиот инцидент.