Балкан
16. September 2020 - 15:05

Словенија со најголем дневен пораст на новозаразени од почетокот на пандемијата

 Во последните 24 часа, по направени 3.123 тестови, во Словенија се потврдени нови 123 случаи на коронавирус, што е рекорден број од почетокот на епидемијата, објави денеска словенечката Влада.

Во последниве недели, бројот на нови инфекции постојано се зголемува, а Владата соопшти дека поради зголемениот број хоспитализирани лица, очекува реорганизација на болниците и отворање на уште една, четврта, Ковид болница.

– Следните две недели ќе бидат клучни за развојот и контролата на епидемијата, изјави словенечкиот министер за здравство Томаж Гантар.

Споредподатоците од неговото Министерство, во моментов има 975 активни случаи, од кои 61 се хопитализирани, што е многу голем пораст во однос на минатата недела.

Владиниот портпарол Јелко Кацин вчера изјави дека Словенија, доколку ситуацијата остане вака, има доволно респиратори за сите пациенти, нагласувајќи дека бројот на новозаболени покажува дека состојбата со епидемијата не се подобрува и дека треба строго да се почитуваат пропишаните епидемиолошки мерки и ограничувања.

Шефицата на владиниот експертски тим, Бојана Беовиќ, изјави  дека бројот на потврдени инфекции на 100 000 во последните 14 дена надмина 40, и дека епидемијата е „зема голем замав“ и дека е особено загрижена заради се поголемиот број на пациенти кои се хоспитализирани и се на респиратор.