Словенија: Шест години ja чувал мртвата мајка во стан и ја земал нејзината пензија
Словенечката полиција уапси 67-годишен маж кој шест години ја криел смртта на својата мајка и ја подигал нејзината пензија. Нејзиното тело било пронајдено во стан во Љубљана, откако роднините го пријавиле нејзиното исчезнување во полиција.
Полициската управа во Љубљана наведува дека на крајот на минатата недела роднините на исчезнатата 97-годишна старица го пријавиле случајот како сомнителен затоа што 67-годишниот маж, односно син одговорен за нејзината грижа, ги спречувал сите контакти.
Со понатамошно собирање информации, полицијата го пронашла телото на бараното лице во стан во Љубљана. Според досега познатите податоци, смртта се случила пред шест години, а причината за смртта сè уште не е позната, велат од полицијата.
Осомничениот ги уверувал роднините дека е жива, а бидејќи имал полномошно, тој ги подигал приходите од нејзините сметки, како и нејзината пензија, пишуваат медиумите.
Од полицијата наведуваат дека уапсеното лице е осомничено за кривично дело сквернавење на мртво тело, за предизвикување смрт со занемарување и за измама.
Според телевизиската станица ПОП-ТВ, неофицијално се знае дека синот го чувал мртвото тело на мајката шест години во стан, а на другите роднини им тврдел дека таа не сака да комуницира со нив, а во меѓувреме редовно и ја подигал пензијата.
Ново на Сител
-
Во САД регистиран нов вид на коронавирус кој може да биде поотпорен на вакцината
-
Личните карти, пасошите и возачките стануваат двојазични со новото уставно име
-
Јотова: Во преговарачката рамка за С.Македонија да се вметнат бугарските барања за почитување на Договорот за добрососедство
-
Благо намален водостојот на реките
-
Адеми: Нема да го признаам резултатот од пописот ако Албанците се под 20 отсто
-
230 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење, 36 без возачка
-
Истражување: Со намалување на загадувањето може да се спречат околу 50 илјади смртни случаи во Европа
-
Рохани го повика Бајден САД да се врати на нуклаерниот договор