Словенија сака да ја воведе за употреба вакцината Спутник В и чека одобрение од ЕМА
Словенија ја стави руската вакцина Спутник В на својата листа на кандидати за кампањата за имунизација против Ковид-19 и чека одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА) за овој препарат.
– Советодавната група за вакцинација неодамна препорача да се набават сите вакцини што ги разгледува ЕМА. Ние го сторивме тоа, така што, откако ќе биде одобрено, можеме да започнеме со употреба на вакцината веднаш за да не губиме време, изјави шефицата на националната советничка група за имунизација Бојана Беовиќ.
Руските медиуми на 12 април објавија дека експерти од Европската агенција за лекови престојуваат во Москва за да ја проценат вакцината Спутник В, наведувајќи дека претставниците на ЕМА исто така ќе ги посетат производствените капацитети.
Словенија досега вакцинирала вкупно 360.450 лица против коронавирус, што е 17,2 проценти од населението, а 136.582 примиле две дози од вакцината, претежно Астра Зенека и Фајзер.
Словенија, исто така, набави вакцини од Џонсон и Џонсон, но не ги користи, чекајќи нова одлука од европското регулаторно тело, откако САД привремено ја прекинаа имунизацијата со оваа вакцина.
Ново на Сител
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“