Словенија поддржува „ковид пасоши“
Словенија изрази поддршка за „ковид пасоши“, додека европските министри денеска започнаа дебата за идејата, иницирана од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави словенечката агенција СТА.
Гашпер Довжан, државен секретар на Министерството за надворешни работи за европски прашања, ја поддржа идејата за европски сертификати за вакцинација, кои, како што рече, може да зајакнат четири европски слободи во согласност со принципите на правото на ЕУ, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи.
Премиерот Јанез Јанша неодамна рече дека потврдата за вакцинација што го олеснува прекуграничното патување нема да биде необична, бидејќи некои земји веќе бараат доказ за вакцинација против одредени заразни болести пред да им дозволат на патниците да влезат.
Неговата канцеларија го повтори тој став денеска, наведувајќи дека Јанша „веќе јасно стави до знаење дека мисли дека тоа ќе се случи порано или подоцна“.
„Премиерот претходно оцени дека пасошите за вакцинација ќе бидат од корист за сите“, велат од неговиот Кабинет за СТА.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто