Свет
22. јуни 2017 - 9:07

Словенија очекува голем раст на приходите од туризмот

Словенија се надева на силен раст на приходите од туризмот во следните години, соопшти Владата во Љубљана.

Според прогнозите на Владата, приходите од странски туристи се очекува да се зголемат до 3,7 милијарди евра до 2021 година, од 2,4 милијарди евра лани.

Минатата година во Словенија е регистриран пораст на бројот туристи за 12 отсто на три милиони.

Од април лани, па до април оваа година, бројот на американски туристи во Словенија е зголемен за 31 отсто.