Балкан
13. February 2020 - 16:23

Словенија и испрати на Кина над еден милион заштитни маски

Словенија реши да и испрати на Кина 1.200.000 заштитни маски. Донацијата е со цел да им се помогне на тамошните власти во борбата со новиот тип на коронавирус, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Од Министерството за надворешни работи на Словенија изјавија и дека на Светската здравствена организација ќе и уплатат 60.000 евра кои ќе бидат исто така наменети за борбата против опасниот вирус.

Маските се набавени во соработка со словенечкото стопанство. Тие моментално се наоѓаат на две локации во Љубљана, а набрзо ќе бидат транспортирaни во Виена, од каде што со специјален лет, заедно со друга помош од Австрија, Унгарија и Чешка, ќе бидат пренесени во Кина.