Балкан
23. October 2015 - 9:42

Словенија го активира механизмот за цивилна заштита на ЕУ

Соочена со големиот бран бегалци, Словенија го активира механизмот за цивилна заштита на ЕУ во барање помош. изјави портпаролката на ЕК Наташа Берто.

Како што јави СТА, Берто на Твитер наведе дека Словенија го активирала механизмот кој им овозможува на државите-членки да добијат нефинансиска помош во период непосредно по катастрофа, по вчерашната посета на комесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос.

Претставничката на ЕК Мина Андреева наведе дека Словенија барала шатори, ќебиња, постелина и други работи неопходни за имигрантите.