Балкан
28. April 2016 - 13:31

Словенија блокирана од снег

Поради обилниот снег во Словенија десетици илјади домаќинства се без електрична енергија, од кои поголемиот дел на подрачјата на Љубљана и Дравоград.

Снегот предизвика проблеми и во сообраќајот, при што се регистрирани поголем број сообраќајни несреќи, а има опасност од снежни одрони.

Метеоролозите најавуваат подобри временски услови, но и задржување на ниските температури. Се уште паѓа снег во некои делови од Словенија.

Поголемиот дел од државата е под снежна покривка од околу 25 сантиметри, а во планинските предели има 40 сантиметри.