Словенија бара балканските земји да го ограничат бегалскиот прилив
Словенечката министерка за внатрешни работи Весна Ѓеркаш-Жнидар повика на подобра соработка меѓу земјите од т.н. „балканска бегалска рута“ и апелираше до државите од Балканот „да го регулираат и намалат“ приливот на бегалци.
По синоќешната средба со претставници на Министерствата за внатрешни работи на Македонија, Грција и Србија во Брдо кај Крањ, Ѓеркаш-Жнидар истакна дека со нејзините соговорници се согласиле дека е потребно да се започне со „успорување на бегалскиот прилив, со цел да се спречи преоптовареноста на одделни држави што се наоѓаат на миграциксата рута“.
- Услов за смалување на бегалскиот бран е подобрување на соработката меѓу земјите што се наоѓаат на балканската рута, кои мораат да ги зголемат своите капацитети за прифаќање на мигрантите, додаде Ѓеркаш-Жнидар.
Според неа, целта на средбата, покрај намалување на бегалскиот полив, било и да се изрази поддршка на напорите на ЕУ за постигнување договор со Турција и Грција, околу контрола на движењето на имигрантите кон Европа.
Иако биле поканети, на средбата во Брдо кај Крањ не присуствуваа претставници на Хрватска.
- Мораме да се погрижиме за максимална контрола на бегалскиот прилив, дури и во случај Хрватска да не турне во неповолна позиција, порача словенеќката министерка.
Таа нагласи дека во текот на зимата очекува намалување на приливот на имигранти, но додаде дека ако Европа не најде заедничко решение за кризата, со доаѓањето на пролетта би можеле повторно да биде,е сведоци на сцени како оние во август и септември.
- Ако не бидеат пронајдени системски решенија да следната пролет, можеме да очекуваме дека имигрантскиот бран ќе биде ист како сега или дури и поголем, истакна Ѓеркаш-Жнидар.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово