Џет-Сет
8. December 2017 - 20:07

Словенечо списание и се извини на Меланија Трамп

 Словенечкото списание „Сузи“ и се извини на првата дама на САД, Меланија Трамп за навестувањата дека работела како високоплатена дама за придружба, додека имала кариера на меѓународен модел.

Женското списание „Сузи" денеска соопшти дека го објавило написот во август 2016 година, во кој се вели дека Меланија Трамп во минатото работела за модната агенција, која, исто така, нудела услуги за елита придружба.

Уредништвото денеска наведе дека „статијата била сфатена како Меланија да била ескорт-дама“.

- Ние немаме доказ за тоа. Затоа се извинуваме. Ние немавме намера да ја повредиме или навредиме г-ѓа Трамп, објави списанието.

Меланија Трамп (48) поднесе тужба против списанието преку својот словенечки адвокат. Меланија ја напушти родната Словенија на 20-годишна возраст, а Доналд Трамп го запозна во Њујорк во 1998 година.