Словенечкиот претседател Пахор пристигна во Македонија
Словенечкиот претседател Борут Пахор кој престојува во дводневна официјакна посета на Македонија, претпладнево во вила „Водно“ беше пречекан од претседателот Стево Пендаровски, со официјална церемонија и највисоки државни и воени почести.
Церемонијата почна со интонирање на словенечката и македонската химна.
Како што соопштија кабинетите на двајцата претседатели, Пахор во текот на денов ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев и со претседателот на Собранието Талат Џафери, а ќе има и обраќање пред пратениците во законодавниот дом.
Напредокот на Македонија на нејзиниот европски пат и почетокот на преговорите за членство во Европската унија, билатералните односи и мултилатералната соработка, ќе бидат главни теми на разговорите на најавените средби.
Предвидено е Пахор да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.
Словенечкиот претседател утре ќе престојува во Охрид, каде што заедно со претседателот Пендаровски ќе присуствува на показна вежба на специјалните сили на Армијата на Република Македонија во Кампот за обука на вода – Охрид. Претходно, двајцата претседатели ќе реализираат прошетка низ Охрид и разгледување на културни знаменитости.
Сања Сеизова Мрмова
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор